Решение за репрезентативност за Организацијата на работодавачи на Македонија

Решение за репрезентативност за Организацијата на работодавачи на Македонија

декември 28, 2021

Врз основа на член 213-г став(2) од законот за работни односи, Министерот за труд и социјална политика денес и го додели и ВТОРОТО Решение за репрезентативност на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ).

Со ова решение се потврдува РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТА на Организацијата на работодавачи на Македонија,која значи ЛЕГИМИТЕТ за потпишување на Општиот колективен договор за приватниот сектор за територијата на Република Македонија

Со ПРВОТО решение кое го доби Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) пред неполн месец се потврди и нејзината репрезентативност што значи исто така ЛЕГИМИТЕТ за учество во трипартитни тела за социјално партнерство и трипартитни делегации на социјалните партнери (Работодавачите, Синдикатите и Владата).

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) е единствена организација на работодавачи која ја докажа својата репрезентативност и ги доби овие две решенија.