декември 28, 2021
На трибината во Велес се потенцираше дека Локалниот совет што треба да се формира во Велес ќе биде исто така составен од претставници на локалната самоуправа, синдикатот, работодавачите, како и на Агенцијата за вработување, образованието, невладините организации и граѓански здруженија.
Се разбира дека локалниот економско – социјален совет не може да ги решава проблемите на невработеноста директно , но може да го поттикне решавањето на одредени проблеми со свои ставови, мислења и сугестии до локалната власт.
– Во краен случај локалниот совет ќе може да ги превенира тие проблеми преку донесување правилни проекти и правилни инвестиции за целосен развој на општината – рече Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи.
