Покана за учество на семинар до членовите на ОРМ на тема Семинар за спречување и решавање на работни спорови на ниво на компанија. Подобро управување со вработени и менаџерски ресурси во компании
Семинарот го организира Организацијата на работодавачите на Македонија со финансиска подршка од Австриската Агенција за развој и Меѓународната Организација на трудот, во
Свети Николе на 23,02,2011, во Скопје на 03,03,2011 и во Охрид на 09,03,2011.
Целта на семинарот е да им помогне на претставниците од компаниите подобро да се справат со работните спорови,преку практични примери како и со менаџирањето со човечките ресурси. Посебно ќе се издвојат техниките за мотивација на вработените преку неколку наслови: каква е теоријата за мотивација,од што се мотивирани вработените, која е потребата за мотивираност и сл. Како и причините за најчестите отсуства од работа и санкциите за неоправданото отсуство со интерактивно учество на сите учесници
На еднодневниот семинар ќе се презентираат презентациите подготвени од странски експерти Г-ѓа Ann Knowles,сениор специјалист за активности на организациите на работодавачи за Централна и Источна Европа,претставник од МОТ како и Robbie Gilbert ,специјалист за развој на човечки ресурси од Конфедерацијата на Британската Индустрија, а ќе бидат реализирани од стручниот тим на ОРМ.
За членовите на ОРМ учествопто на семинарот е без парична надокнада.
