Завршна конференција на ЕУ проектот на ОРМ

На 20 февруари во хотел Холидej ин се одржа завршната конференција на проектот финансиран од Европската Унија: „Зајакнување на капацитетите на Организацијата на работодавачи на патот кон ЕУ’. На конференцијата, поздравни обраќања имаа г. Робин Лидл, вршител на должност шеф на Делегацијата на Европската Унија ,  г. Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика, претседателот и потпретседателот на ОРМ.

Г.Лидл го изрази задоволството за успешно одработениот проект од ОРМ како признат социјален партнер кој ги претставува работодавачите во ЕУ-интегративниот процес, преку искуството од Словачка стана препознатливо професионално тело и компетентен социјален партнер подготвен да се справи со барањата и предизвиците на социјалниот дијалог на национално и ЕУ ниво.

ОРМ како партнер од доверба заедно со синдикатите учествува во трипартитното тело на Владата, Економско-социјалниот совет и преку социјалниот дијалог ги застапува барањата и интересите на работодавачите за прашања поврзани со работните односи, колективните договори и учествува во креирањето на политики за деловното опкружување и развојот на земјата. ОРМ е партнер  кој може да придонесе за постигнувањето на стратешките цели на Македонија во економската и социјалната свера потенцира г.Спиро Ристовски.

Проектот ја постигна поставената  цел, се унапредија капацитетите на ОРМ како социјален партнер особено важен во претпристапниот процес на земјата, преку учење од словачкото искуство; се подобри видливоста и поставеноста за ОРМ меѓу бизнис секторот и граѓанското општество во функција на признат социјален партнер за водење на преговори и колективно договарање со синдикатите; се  постави механизам за континуирана размена на информации меѓу членовите на ОРМ, другите социјални партнери, државната администрација, ЕУ членките и Европската комисија.

Времетраењето на проектот беше 12 месеци [февруари 2011 – февруари 2012]со вкупен буџет 50 362 евра. Партнер на ОРМ е Регионалната развојна агенција Сенец-Пезинок од Словачка.