Почеток на реализација на проектот на МОТ “Унапредување на социјалниот дијалог”,

Проектот  “Унапредување на социјалниот дијалог” е финансиран од ЕУ од  ИПА компонентата за развој на човечки ресурси 2007-2013 година, а ќе се имплементира во период од 24 месеци.
Овој проект претставува  поддршка на социјалниот дијалог меѓу Работодавачите, Синдикатите  и Владата. На свеченоста по повод промоцијата на истиот , која се одржа на 22 октомври, се обратија  шефот на Делегацијата на ЕУ, евро амбасадорот, Аиво Орав, постојаниот координатор на ОН, Луиса Винтон и директорот на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за Централна и Источна Европа Антонио Грациози и претседателот на ОРМ Ангел Димитров.
Согласно Стратегијата за развој на ОРМ, како и согласно целите за развој на социјалниот дијалог низ взаемната доверба изградена меѓу социјалните партнери репрезентативните ОРМ и ССМ е постојаниот развој на социјалниот дијалог на сите нивоа.Како на национално преку развој на функционирањето на Економско социјалниот совет ( ЕСС) и конструктивниот дијалог во креирањето на политиките со Владата и репрезентативните социјални партнери, ОРМ и ССМ, преку  колективното преговарање на секторско и на ниво на работодавач, па се до формирање и развој на Локалните ЕСС,овој двогодишен проект стратешки ќе го овозможи развојот на дијалогот во сите сфери- потенцираше Ангел Димитров, во своето обраќање .