Поради ценовниот притисок на енергетскиот пазар и рекордните цени на електричната енергија сите компании се сериозно погодени. Состојбата со енергетската криза зададе сериозен удар врз деловните активности на компаниите, при што се соочуваат со огромни трошоци и загуби во работењето, нелојална конкуренција од производители на исти производи од соседните земји кои имаат субвенционирана цена на електреичната енергија, енормно покачување на трошоците по секој основ, намалување на човечките ресурси, а голем број компании најавуваат и затварање на нивните компании. Доколку не се превземат соодветни чекори последиците во целата индустрија ќе бидат од огромни размери.
Согласно извршените консултации со членките на Организацијата на работодавачи на Македонија ,во услови на големи и растечки предизвици за компаниите, Организацијата на Работодавачи на Македонија (ОРМ), со поддршка на Меѓународната Организација на Трудот (МОТ) спроведе анкета на компаниите за да се оценат ефектите од енергетската криза.
ПУБЛИКАЦИИ
1 ИЗДАДЕНА ОД ОРМ
Северна Македонија по енергетската криза: научени лекции и идни чекори