Прва конститутивна седница на Економско социјалниот совет

Откако се усогласи, се потпиша Спогодбата за Економско – социјален совет (ЕСС) на 25.08.2010, со што званично се институционализира неговата функцијата и на 15.09.2010 се орджа првата конститутивна седница, на која Димитар Стојановски, претседател на Организацијата на работодавачи, изјави дека ЕСС ќе разгледува корпус закони значајни за социјалната, материјалната и економската положба на луѓето. Добро е што ќе постои институција во која ќе можат да се искажат сите наши предлози и мислења, истакна Стојановски. На седницата се формираа работна група за подготовка на Деловник за работа на ЕСС и се формираа работни тела на ЕСС.

Економско – социјален совет (ЕСС) е национално трипартитно тело формирано од Владата на Република Македонија и социјалните партнери репрезентативните синдикати и репрезентативните здруженијата на работодавачи на територијата на Република Македонија , согласно со Законот за работните односи.

ЕСС има советодавно – консултативна улога при креирање и имплементација на економски и социјални стратегии и политики и во ЕСС социјалните партнери ги усогласуваат интересите и го развиваат и промовираат социјалниот дијалог.

ЕСС е составен од 12 членови и тоа:

четири члена именува Владата на Република Македонија;

-четири члена именуваат репрезентативни синдикатите на територијата на Република Македонија. (ССМ и КСС)

-четирите члена именувани од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) се: Димитар Стојановски- Претседател на ОРМ, Ангел Димитров- зам. претседател, Раде Ненадиќ-Агенција Партнер и Славко Размилиќ-Комерцијална Банка АД.