Промоција на стратегијата за подобра бизнис клима

Промоција на стратегијата за подобра бизнис клима

Промоција на стратегијата за подобра бизнис клима
декември 28, 2021

„ПОДОБРЕНА БИЗНИС КЛИМА ЗА ОДРЖЛИВИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА“

На 14 ноември, 2013 година од 11:00 – 12 :00 ч. во музејот на македонската револуционерна борба во Скопје ќе ја промовираме стратегијата за подобра бизнис клима.

Во рамките на активнота на двете организации за подобрување на бизнис  климата/деловното опкружување беше направено истражувањето во кое беше вклучена бизнис заедницата, а резултат се идентификуваните пет клучни области за заедничко делување и партнерство помеѓу работодавачите и Владата на Република Македонија. Таквото партнерство, според нас е во насока на понатамошно подобрување на  бизнис климата во нашата држава и раст на претпријатијата, а со тоа и отворање на нови  работни места.

Како резултат на активностите нашите две организации, кои ги застапуваат интересите на голем дел од претпријатија во Република Македонија, ја создадоа стратешката рамка за политики на работодавачите во наредниот среднорочен период. Таа беше прифатена од нашето членство и ќе биде промовирана на свечен настан според следната програма:

 

10:30 – 11:00 – Регистрација на Учесниците

11:00 – 11:05 – Воведно запознавање со програмата и најавување на учесниците

11:05 – 11:20 – Обраќање на Премиерот на Владата на Р.Македонија Г-дин.Никола Груевски(дсп)

11:20 – 11:30 – Обраќање на Советник на Меѓународна Организација на трудот Г-дин. Драган Радич

11:30 – 11:45 – Обраќање на Претедателот на Организација на Работодавачи  на Македонија Г-дин.Ангел Димитров

11:45 – 12:00 – Обраќање на Извршниот Претедател на Бизнис Конфедерација на Македонија Г-дин. Миле Бошков

12:00 – 12:15 – Финална дискуија и затворање на конференцијата

12:15              – Свечен Коктел