Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ

Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ

Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ
февруари 18, 2022

Имплементатор: OРМ во партнерство со Регионална развојна агенција СП – Словачка

Финансирање: договор IPA 2011/260-944

Времетраење: Февруари 2011 – февруари 2012

Статус: In Process

Live demo: http://rabotodavaci.mk

Вкупен износ на проектот: 50 362 евра

Документи: ,

ОПШТА ЦЕЛ

Обезбедување на поголеми капацитети на ОРМ и подигање на свесноста на јавноста за местото на работодавачите како социјален партнер во предпристапнитиот процес кон ЕУ, за ОРМ да стане професионално тело и компетентен социјален партнер способен да се справи со барањата и предизвиците на социјалниот дијалог на национално и ЕУ ниво и да придонесе во постигнувањето на стратешките цели на земјата во економската и социјална сфера.
  • Поддршка  за градење на местото на ОРМ во општеството и нејзината улогата на социјален партнер кој ги претставува работодавачите во рамки на ЕУ-интегративниот процес, преку учење од словачкото искуство;
  • Подобра видливост и имиџ на ОРМ меѓу бизнис секторот и граѓанското општество во функција на признат социјален партнер за водење на преговори и колективно договарање со синдикатите и организација која е дел од Економско-социјалниот совет;
  • Поставување на механизам за континуирано и активно доставување и размена на информации меѓу членовите на ОРМ, другите социјални партнери, државната администрација, ЕУ членките и  Европската комисија.