Создавање услови за користење на реформските алатки од ЕУ во Македонија преку размена на словачкото искуство

Создавање услови за користење на реформските алатки од ЕУ во Македонија преку размена на словачкото искуство

Создавање услови за користење на реформските алатки од ЕУ во Македонија преку размена на словачкото искуство
февруари 18, 2022

Партнери: Michale John

Категории: Investment

Времетраење: (24 месеца) почеток октомври 2011-септември 2013

Статус: In Process

Live demo: http://rabotodavaci.mk

Tags: finance, investment

Документи: ,

ПРОЕКТ

-лидер во имплементација РДА Словачка, партнери ОРМ и ЦЕСОР

Организацијата на работодавачи на Македонија,  од октомври 2011 до септември 2013 учествува  на проектот “Создавање на услови за користење на реформски алатки на ЕУ  во Македонија преку трансфер на словачкото искуство” (COCURT) поддржан од Република Словачка,кој  претставува пренесување на искуства од страна на Регионалната развојна агенција  (РДА) од Братиславскиот регион .

Главна цел на овој проект е да се придонесе во намалување на невработеноста во земјата преку динамизирање на соработката на работодавачите и јавниот сектор (центри за вработување, стручни образовни инситуции) и невладиниот сектор.

Преку спроведување на анализа на пазарот на трудот, одредување и анализа на инситуциите кои нудат обуки, односно  центрите за формално и неформално стручно образование, обезбедување на обука за обучувачи кои ќе вршат обуки на невработените лица согласно спроведените истражувања  ќе се  формира експериментален центар за обука т.н. Колектор на работна сила.

Како резултат на овие активности со помош на словачка експертиза и трансфер на знаење , Програмата за обука  наменета за  обучувачи ќе се фокусира на понатамошна обука на  пазарот на трудот , вклучување на Македонија во системот на ЕURES ( Европска служба за вработување)   и ECVET ( Европски кредит систем за стручно образование) , формирање на експериментален центар за обука Колектор за работна сила , како и други програми од ЕУ за поддршка , развој и едукација.

Се очекува 10 обучувачи од мапираните центри на обука на локално ниво да бидат обучени за одржување на обука за преквалификација и/или доквалификација на невработените согласно детектираните потреби на работодавачите и на невработените во пет региони (скопски, вардарски, југоисточен, источен и југозападен).

Подготовката на обучувачите  ќе биде дополнително подобрена преку студиска посета во Словачка. 60 невработени лица ќе посетуваат 5 дневна специјализарана обука врз база на спроведените истражување во споменатите региони .Активностите се во тек согласно временскиот распоред.