Проект за Платформата за вработување и социјални прашања (ЕСАП)

Проект за Платформата за вработување и социјални прашања (ЕСАП)

декември 28, 2021

Работодавачите од ОРМ активно учествуваат во активностите на проектот  за Подобрување на ефективноста на процесите на бипартитен и трипартитен социјален дијалог

“Платформата за вработување и социјални прашања” (ПВСП) е регионален проект кој го финансира Европската Унија со износ од 3 милиони евра, а заеднички го спроведуваат Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Регионалниот совет за соработка (РСС) во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Србија и во Македонија. Проектот, чија имплементација започна во 2016 година и ќе трае 3 години, има за цел да ги зајакне регионалната соработка и институциските капацитети на администрациите, на организациите на работодавачи и на работници, со што ќе им се овозможи да развијат и ефективно да спроведат реформи на пазарот на трудот,  во областа на социјалната политика во процесот на проширување на Европската Унија. Тимот на проектот е со седиште во Сараево, Босна и Херцеговина.
Економиите од Западен Балкан споделуваат слични структурни карактеристики и особини на пазарот на трудот, вклучително и висока стапка на невработеност и неактивност на работната сила, недоволно финансирани активни политики за пазарот на трудот, ограничени ресурси на агенциите за вработување, и неусогласеност меѓу побарувачката и понудата на трудот. Создавањето работни места сè уште е значаен предизвик за сите економии.
Сè поголемиот фокус во процесот на проширување на зајакнато економско владеење го следи воведот на нови инструменти како што се Програмите за економска реформа (ПЕР). Оваа иницијатива ќе придонесе за приближување на економиите кон праксата на ЕУ, градење силни врски во процесот на интеграција кон ЕУ, и нивна подготовка за целосно учество и капитализација во идни можности за соработка во рамките на Европската Унија.
Регионалната соработка и понатаму претставува суштински елемент во процесот на стабилизација и асоцијација на економиите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ. Поконкретно, во областа на вработувањето и социјалните прашања, економиите може да ги споделат своите искуства, да научат едни од други, и преку овој процес да ги оптимизираат своите практики на креирање политики и нивно имплементирање. Освен тоа, економиите може да соработуваат во процесите на подготовка, мониторинг и следење поврзани со ПЕР и ПВСР.

Активностите ќе се надоврзат на постојните заложби на МОТ кон развивање на институционалниот капацитет на владите и социјалните партнери, со цел нивно вклучување во ефективен социјален дијалог. Целта на активностите е да се утврдат, соберат и разменат искуствата и добрите практики поврзани со институциите и процесите на социјалниот дијалог.