ПРЕДЛОГОТ НА ОРМ ЗА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ РАСПРАВАН НА СРЕДБАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДЛОГОТ НА ОРМ ЗА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ РАСПРАВАН НА СРЕДБАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДЛОГОТ НА ОРМ ЗА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ РАСПРАВАН НА СРЕДБАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
декември 28, 2021

Од  20 до 22 Октомври, во Охрид се одржа 65-тата средба на правниците, во организација на Здружението на правниците на Македонија.

Темата на годинешнава средба беше: ОСТВАРУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС И ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР И ЈАВНИОТ СЕКТОР.

Потпретседателот на ОРМ, Г-нот Ангел Димитров ги претстави предлозите за измена на Законот за работните односи кои произлегоа од работилниците што ги организираше ОРМ низ целата држава за промоција на Прирачникот за практична примена  на ЗРО, кој беше издаден со помош на Меѓународната организација на труд (ILO) и Австриската програма за развој(ADA).А Претседателот Г-дин  Димитар Стојановски го презентираше законот за минимална плата и ефектите врз Работодавачите од утврдувањето на минималната плата.

На крајот од дискусијата се донесе заклучок дека е потребно изготвување на нов Закон за работните односи (за работа) кој ке ги надмине проблемите во практичната примена на постоечкиот ЗРО. Правниците истакнаа дека постоечкиот ЗРО има претрпено многу измени и дополнувања, многу интервенции на Уставниот суд, постојат голем број на нејасни одредби кои преставуваат проблем во толкувањето на истите и во правилната примена на законот. Ова предизвикува покренување на многу судски постапки од кои произлегуваат нејасни и контрадикторни пресуди.

Покрај другото се забележа  дека ЗРО е пререгулиран,  со што  остава многу малку можности за колективно договарање и покрај тоа што работниот однос е договорен однос помеѓу работникот и работодавачот и дека покрај законските норми, одредени прашања треба да се регулираат со Колективните договори и со Договорот за вработување.

Правниците истакнаа дека е потребно активно да учествуваат во креирањето и донесувањето на новиот ЗРО, како оние од струката така и оние од науката, бидејки ЗРО е многу значаен за правата, обврските и одговорностите како од страна на работниците така и од страна на работодавачите.