Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за БЗР – 2021

Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за БЗР – 2021

Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за БЗР – 2021
декември 28, 2021

НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА февруари 2021 г.
Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за БЗР – 2021
Почитувани,
Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа.
Повикот за учество во Изборот за доделување на Националната награда – 2021 е објавен и на web-страната на Министерството за труд и социјална политика (линк: https://bit.ly/3tUnx8R), каде може да се најде и
• Барањето за аплицирање
• формат/template на powerpoint презентација која треба да се достави заедно со апликацијата, како и
• Процедурата за избор и доделување на Националната награда, подготвена и усвоена од страна на Советот за БЗР.
Крајниот рок за пријавување на компаниите е 20 март 2021 година.
Наградата и оваа година ќе се додели во три категории:
– мали компании (до 50 вработени)
– средни компании (до 250 вработени) и
– големи компании (над 250 вработени)
Согласно утврдената процедура, изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа (стручни лица за безбедност при работа и лекари-специјалисти по медицина на трудот).
Пополнетите апликации, заедно со кратка powerpoint презентација (максимум 8-10 слајдови) која ќе даде генерален приказ (л. карта) на компанијата и имплементираните системи, мерки и политики за БЗР, треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси:
jasmina.chaloska@mf.edu.mk и
ddocinski@mtsp.gov.mk
Доколку дозволуваат условите, свеченото доделување на годишните награди ќе се одржи во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 28 април“.
Со почит,
Национален