Почитувани,
Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија, при реализација на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – EuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK, ви доставува повик за учество на претставници од вашата организација на работодавачи или стопанска комора, за следење и учество на обука за основните принципи на управувањето со организациите и коморите.
Учесници на овој повик можат да бидат само претставници од организации на работодавачи и стопански комори.
Учесниците на обуките ќе се стекнат со и експертиза за процесите при креирањето политики и процедурите за успешен организациски развој и управување на организациите на работодавачи и коморите. Понатака, од нив се очекува да влијаат при зајакнувањето на мрежните и комуникациските канали меѓу нивното членство, организациите и владините институции. Учесниците треба постојано да бидат вклучени во процесите на следење на политиките, стратегиите и програмите како на локално, така и на национално ниво.
Обуката ќе биде дводневна и спроведена од страна на експерти од наведената област, во следнот термин: 15ти и 16ти Октомври 2018 година (Понеделник и вторник)
Локација: Хотел Порта – Скопје
За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе биде обезбеден полн пансион и ќе бидат покриени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет.
Право на учество има по еден/двајца претставници од една организација на работодавачи/комора.
Услови за квалификуваност:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве барања:
1. Се државјани на Република Македонија;
2. Имаат повеќегодишно искуство во организациско управување и менаџмент на здруженијата и организациите;
3. Поседуваат напредни познавања за функционирањето на организациите на работодавачи и стопанските комори.
4. Не смеат да бидат предмет на законски санкции;
Рок за пријавување:
Заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската пријава за учество на обука најдоцна до Среда, 10-ти Октомври 2018 година, до 16 часот. Пријавата можете да ја најдете на следниов линк:
Дополнителни информации:
1. Евалуционата комисија која е формирана од канцеларијата на проектот го задржува правото да ја прифати или одбие која било пријава.
2. Одбраните кандидати ќе бидат контактирани од канцеларијата на проектот и ќе добијат детални информации за обуката.
3. За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе биде обезбеден полн пансион и ќе бидат покриени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет.