Почитувани,
Организацијата на работодавачи на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, при реализација на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – EuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK, ви доставува повик за учество на претставници на организација/здружение на работодавачи, комора и/или кластер, за следење и учество на обука од областа на безбедноста и здравјето при работа.
Темата на обуката е: “Заеднички пристап на стручното лице по БЗР и докторите по медицина на трудот во утврдување на превентивни мерки за намалување на опасностите и штетностите на работно место.”
Учесници на овој повик можат да бидат само претставници од организации/здруженија на работодавачи, комори и кластери.
Обуката ќе биде дводневна и спроведена од страна на експерти од наведената област, во следнот термин: 14ти и 15ти Ноември 2018 година (среда и четврток).
Локација: Хотел Порта – Скопје
За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе биде обезбеден полн пансион и ќе бидат покриени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет.
Право на учество има по еден/два претставници од една организација/здружение на работодавачи, комора и/или кластер.
Услови за квалификуваност:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве барања:
1. Да се државјани на Република Македонија;
2. Да имаат претходно искуство во областа на БЗР;
3. Не смеат да бидат предмет на законски санкции;
Краен рок и начин на пријавување:
За повеќе информации и начин на пријавување, сите заинтересираните кандидати треба да ни се обратат на следнава и-мејл адреса: rabotodavaci@gmail.com; Крајниот рок за поднесување на пријави е Петок, 9-ти Ноември 2018 година, до 16 часот.
Дополнителни информации:
1. Евалуционата комисија која е формирана од канцеларијата на проектот го задржува правото да ја прифати или одбие која било пријава.
2. Одбраните кандидати ќе бидат контактирани од канцеларијата на проектот и ќе добијат детални информации за обуката.
3. За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе биде обезбеден полн пансион и ќе бидат покриени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет.
Во очекување сме на вашите пријави.
Со Почит,
Тимот на ОРМ
