Повик за изразување интерес за маркетиншка агенција што ќе дизајнира и спроведе кампања за подигнување на свеста за мирно решавање работни спорови

Повик за изразување интерес за маркетиншка агенција што ќе дизајнира и спроведе кампања за подигнување на свеста за мирно решавање работни спорови

Повик за изразување интерес за маркетиншка агенција што ќе дизајнира и спроведе кампања за подигнување на свеста за мирно решавање работни спорови
декември 28, 2021

Оваа компонента се фокусира на активности за градење капацитети кои што треба да се спроведат од страна на технички специјалисти на МОТ заедно со практичари од земјите членки на ЕУ на теми како што се утврдување на платите во јавниот сектор, утврдување на минималната плата и нејзината поврзаност со неформалната економија, работни односи, реформи на социјалното осигурување, активни политики на пазарот на труд, вработување на младите, придобивки од колективното договарање, вклучувајќи ја поврзаноста меѓу платата и продуктивноста, меѓу другото, и за членовите на ЕСС и неговиот постојан секретаријат. Проектот, исто така, ќе го овозможи создавањето надворешен „фонд“ на техничка експертиза што ЕСС ќе може да ја искористи за да го прошири опфатот на своите истражувања.

Компонента 2: Поттикнување на колективното договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор
Оваа компонента на проектот ќе ги зајакне капацитетите на владата и на социјалните партнери за зголемување на ефективноста на колективното договарање. Ќе се осмислат и спроведат мерки со помош на МОТ во рамките на национален трипартитен акциски план.
Ќе се зајакне техничкиот капацитет на Министерството за труд и социјална политика за проактивно вршење на неговите клучни функции за унапредување на колективното договарање, како и воспоставувањето регулаторна и институционална рамка. Истовремено, ќе се зајакнат и капацитетите на организациите на работодавачите и на синдикатите за ефективно водење преговори и обраќање кон потенцијални членови. Тоа ќе се постигне преку спроведување програма за обука за ефективно вклучување во колективното договарање наменета за организациите на работодавачите и на работниците на национално и на секторско ниво.
Компонента 3: Воспоставување функционален механизам за мирно решавање на работни спорови
Во рамките на оваа компонента, проектот ќе помогне во воспоставувањето функционален и економичен механизам за мирно решавање работни спорови, и ќе помогне во создавањето и обуката на фонд на специјализирани посредници/помирувачи во областа на трудот. Откако ќе се спроведе, од новиот механизам се очекува да обезбеди поддршка за социјалните партнери за спречување и решавање спорови што се јавуваат во процесот на колективно договарање.

Повик за изразување интерес во рамките на Активноста 3.4.1: Кампања за промовирање на мирно решавање на работни спорови

Овој јавен повик за изразување интерес е наменет за изнаоѓање маркетиншки организации што ќе бидат заинтересирани да осмислат и спроведат кампања за подигнување на свеста за придобивките од мирното решавање на работни спорови во координација на проектниот тим и г-ѓа Кристина Михес, виш експерт за социјален дијалог и трудово право на МОТ.
Маркетиншките организации заинтересирани за спроведување на задачата подетално опишана подолу се охрабруваат да ги поднесат своите пријави:

Активност    Детали за задачата    Временска рамка    Проценет број месеци
3.4.1    –  Кампања за подигнување на свеста за придобивките од мирното решавање на работните спорови што ќе ја осмисли медиумско друштво и што ќе се спроведе преку медиумски и промотивни настани и алатки на национално и локално ниво.    јули 2015 до декември 2015 година    6 месеци

Временска рамка
Кампањата ќе се организира и спроведе во периодот меѓу јули 2015 година и крајот на декември 2015 година со помош и услуги од специјализирано друштво.

Услови за квалификуваност
Друштвото што ги обезбедува услугите, во натамошниот текст „изведувачот“, треба да ги исполнува следниве услови:
–    Да биде правно трговско друштво овластено да ги обезбеди бараните услуги
–    Да поседува доволно човечки ресурси за извршување на очекуваните задачи навремено и по договорените цени
–    Да поседува доволно инфраструктура (сопствена или најмена) за дизајнирање, производство и обезбедување на добрата или услугите поврзани со тековната задача во време и на место договорени со корисникот
–    Да има искуство во полето на комуникации преку печатени и електронски средства и релевантно портфолио поврзано со соодветното барање.
–    Да поседува ресурси за комуникација на англиски јазик со раководниот тим на проектот и на МОТ и претставниците на Европската комисија.
–    Изведувачот мора да биде формален работодавач, да нема кривично или фискално досие и стабилна финансиска состојба.

Задачи на изведувачот:
Ќе се изберат два изведувачи. Еден изведувач ќе биде одговорен за изготвување на промотивен видео и радио спот, додека вториот изведувач ќе ја изготви кампањата за печатени медиуми и интернет-портали.

Најмногу 10 дена по изборот, изведувачите треба да присуствуваат на средба со раководството на проектот и експерт на МОТ со цел да се планираат и да се одлучат наредните чекори за спроведување на кампањата.
Изведувачите треба да предложат и обезбедат услуги поврзани со следниве активности:

а) дизајнирање кампања за подигнување на свеста за мирно решавање работни спорови, чијашто цел е:

1. Градење свест кај работниците, работодавачите и нивните организации за придобивките од мирното решавање на работните спорови
2. Промовирање на нововоспоставениот механизам за мирно решавање работни спорови
3. Поттикнување на работниците, работодавачите и нивните организации да го користат механизмот за мирно решавање на работни спорови.

и тие треба да содржат, најмалку:

1.    видео и радио-спот во времетраење од 1-2 минути што ќе се емитува на национални и локални ТВ и радио станици од август 2015 година
2.    Комбинација на надворешна комуникација (комуникација со печат, комуникација преку интернет, реклами, односи со јавност)
3.    Шестмесечен план за комуникации за горенаведената точка 2).

Списокот на наведени производи не е ограничувачки. Истиот може да се измени по консултациите со проектниот тим и усогласувањето со одобрениот буџет.

Пријавување на надворешни соработници/консултантски друштва
Маркетиншките агенции заинтересирани за соработка со проектот на ИПА/МОТ за унапредување на социјалниот дијалог во дадените области треба да достават писмо за изразување интерес најдоцна до 25 јуни 2015 година на следниве е-адреси simjanoska@ilo.org и kalovska@ilo.org.
Заинтересираните маркетиншки агенции треба да го достават следново:
–    Портфолио на агенцијата
–    Претходно искуство во релевантното поле
–    Список со препораки
МОТ го задржува правото да ја прифати или одбие која било пријава. Изборот на маркетиншката агенција ќе биде во согласност со постапките на проектот на МОТ. Пријавените кандидати ќе бидат контактирани од канцеларијата на проектот и ќе добијат детални информации за барањата и опис на задачите. Маркетиншките агенции избрани за одредена задача ќе потпишат договор за надворешен соработник со МОТ за конкретната задача и за одреден период; тоа во никој случај не треба да се толкува како постојано вработување од страна на МОТ, ни сега ни во иднина.