Потребните документи за аплицирање за безкаматните кредити на Развојна банка се достапни по електронски пат

Потребните документи за аплицирање за безкаматните кредити на Развојна банка се достапни по електронски пат

Потребните документи за аплицирање за безкаматните кредити на Развојна банка се достапни по електронски пат
декември 28, 2021

Почитувани,

 

Интегрално ви ја доставуваме информацијата поврзана со потребнита документи за аплицирање за безкаматните кредити на Развојната банка по електронски пат.

 

Со почит,

Тимот на ОРМ

 

 

Интегрален текст:

 

Почитувани,

 

Во прилог Ви испраќаме соопштение од

Владата на Република Северна

Македонија.

 

Сите документи потребни за аплицирање

за бескаматните кредити на Развојна

банка се достапни по електронски пат

 

Развојна банка, Управата за јавни

приходи и Централниот регистар на

Република Северна Македонија

апелираат до фирмите коишто ја

прибираат документацијата потребна за

аплицирање на првата линија

бескаматните кредити како една од

мерките за КОВИД-19, тоа да го прават

исклучиво по електронски пат.

 

Документите коишто ги издава

Централниот регистар како што се

тековна состојба, листинг од

обработена годишна сметка / завршна

сметка за фискалната 2019 година, потврда

за стечајна постапка, потврда за

ликвидациона постапка,  можат да се

извадат по електронски пат, потпишани

со дигитален потпис, преку системот за

е-потврди http://www.crm.com.mk/CRIS/. [2] Додека

корисниците на Интернет

Дистрибутивниот систем можат да ги

извадат преку својот профил. ЗП

образецот којшто исто така го издава,

Централен регистар  е достапен на

следниот линк:

.

[3]

 

И Управата за јавни приходи апелира на

поднесување на електронски барања за

добивање уверение за платени даноци и

придонеси. Даночните обврзници наместо

да доаѓаат лично во Управата за јавни

приходи да го поднесат барањето за

издавање на Уверение преку системот

е-Даноци [4].

 

Аплицирањето за првите 5,7 милиони евра

бескаматни кредити од Развојна банка,

како директна помош за микро, мали и

средни претпријатија во борбата со

КОВИД-19, започна од денес 26 март.

Јавниот повик е објавен на веб

страницата на банката www.mbdp.com.mk [5], а

аплицирањето се прави исклучиво

електронски со испраќање на

документација на е-мејл адресата

kreditiranjecovid1@mbdp.com.mk. [6]