Потребни се итни реформи во образовниот систем за да се надмине проблемот со недостиг на квалификуван кадар во текстилната индустрија,потврдува Организацијата на работодавачи на Македонија

Потребни се итни реформи во образовниот систем за да се надмине проблемот со недостиг на квалификуван кадар во текстилната индустрија,потврдува Организацијата на работодавачи на Македонија

Потребни се итни реформи во образовниот систем за да се надмине проблемот со недостиг на квалификуван кадар во текстилната индустрија,потврдува  Организацијата на работодавачи на Македонија
декември 28, 2021

Проблем со дефицит на кадар го доведува во прашање опстанокот на многу домашни компании, чии работници преку ноќ им ги земаат странските фабрики во технолошко-индустриските развојни зони.  Оваа појава станува алармантна во текстилната индустрија и затоа итно се неопходни ефективни мерки со кои ќе се надмине овој проблем кој прераснува во
реална закана за опстанокот на многу домашни компании од овој сектор. Ова е главната
констатација на учесниците на најновиот состанок од серијата консултации со претставниците
на бизнисот што ги организира Организацијата на работодавaчите на Македонија (ОРМ) одржан во Штип во рамките на проектот –
Унапредување на социјалниот дијалот,имплементиран од МОТ.
 Државните
субвенции во вид на ослободување од данок и придонеси што ги добиваат
странските фабрики во технолошкоиндустриските
развојни зони им овозможуваат да исплаќаат
малку повисоки плати и на тој начин да ги привлечат квалификуваните работници од
домашните фабрики кои пак  не можат да користат вакви субвенции од државата со кои би се
намалиле нивните трошоци. На ваков начин домашните индустриски капацитети го губат
висококвалификуваниот кадар во чие создавање со години било вложувано вели
претседателот на ОРМ, Ангел Димитров. Втората причина за алармантниот недостиг на
квалификувана работа сила, особено во текстилната индустрија, е слабиот интерес кај младите
да работат во оваа гранка.
Од Oрганизацијата на работодавачи на Македонија  сметаат дека можно решение за проблемот е субвенционирањето на домашните
фабрики. Претседателот Ангел Димитров,потенцирање дека – Со
можноста за субвенционирање на еден начин ќе се даде можност
овие работници да не се чувствуваат во втора категорија, би се зголемила просечната плата и
би се доближила до просекот на републиката, што е и наша цел и ние сакаме нашите работници
да имаат подобри плати и да не бидат  секогаш на дното од просекот во РМ. Заради
проблемите во текстилниот сектор во изминатите години бројот на работници е намален за
околу 10.000. Во моментов во домашните текстилни фабрики работат околу 37.000 работници, а
текстилот учествува со 11% во вкупниот извоз од Македонија.
Од Текстилниот кластер се жалат дека се доведени во ситуација да одбиваат нарачки
затоа што немаат работници за да ја завршат работата на време, истакна претседателката  Маријана Перковска,- Бизнисмените
или менаџерите на текстилните компании се повеќе се плашат да преземат било
какви инвестициски потфати затоа што проблемот со работната сила е многу голем и едноставно
 не знаете дали ќе можете да одговорите, дури се случува дел од налозите, односно
барањата кои што доаѓаат до нашите компании, да не се прифаќаат токму поради стравот дека не
може да се исполни она што се бара од нив. Како главни причина за недостигот на добри
работници во текстилните фабрики се наведуваат слабиот интерес на младите за оваа струка
заради ниските плати, но и новоотворените фабрики во зоните.