Подготвителен состанок во рамките на проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија

Подготвителен состанок во рамките на проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија

Подготвителен состанок во рамките на проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија
декември 28, 2021

Почитувани,

Во извршната канцеларија на ОРМ се одржа состанок на проектниот тим, кој раководи со проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија”, финансиран од страна на ЕУ. Состанокот беше одржан во насока на подготовка на втората обука за претставници на мали и средни претпријатија, која ќе се одржи на 8 и 9 ноември 2018 година.

Целта на проектот е да ја подигне конкурентноста на МСП и прагматично да придонесе во имплементацијата на националните стратешки документи за конкурентност. Проектот ќе придонесе за постигнување на конкурентска одржлива предност на извозот на прехранбено-преработувачката индустрија и ќе им помогне на МСП во интернационализацијата, подигање на извозниот капацитет и можности.