ПИОМ да не го спасуваат само работодавачите туку и граѓаните

ПИОМ да не го спасуваат само работодавачите туку и граѓаните

ПИОМ да не го спасуваат само работодавачите туку и граѓаните
декември 28, 2021

Преземено од ТВ Телма

Спасувањето на фондот за ПИОМ не треба да падне само на грбот на стопанствениците туку во пополнување на дупката во која се подлабоко тоне пензискиот фонд , треба да учествуваат и работниците. Работодавачите не прифаќаат ниту да се зголеми придонесот ниту старосната граница бидејки тоа велат ќе ги зголеми трошоците на фирмите а во опасност ќе ги стави и платите и бројот на вработени.Не е логично ако државата 10 години ги ослободувала од плаќање придонеси фирмите од ТИРЗ,сега нашите компании тоа да го надокнадуваат, вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи.

Владата најмногу се финансира од ДДВ, значи и граѓаните преку ДДВ треба да учествуваат во полнење на дупката а не само комапниите.

Дали има потреба и услови за вакви промени треба да биде резултат на долги и темелни анализи вели Димитров бидејќи во обид да  се спаси фондот за ПИОМ на крајот жртва може да биде економијата. Може да се случи, сакајки да го подобриме фондот , да се намали бројот на работници, да ги обесхрабриме новите претприемачи од отворање нови фирми и да вработуваат, младите да си одат и така да ја уништиме економијата, рече Димитров

Синдикатите бараат покрај возраста, основа за пензионирање да биде и остварениот стаж, а бенефициран стаж да имаат и работници во градежништвото, рударството и текстилот.Решение за ПИОМ велат треба да се бара во намалување на сивата економија и зголемување на бројот на работници

„Да се преземат мерки за намалување на неформалната економија и на нерегистрирани плати за да се спречи емиграција на високо едуцирани млади.Потреба е поголема продуктивност  за поголеми плати.Не се согласуваме со нереално и необјективно зголемување на пензиите но поддржуваме постепено зголемување на старосната граница за пензионирање“, соопштија од ССМ.

Експертите пак се децидни дека товарот од пензиските реформи треба да биде поделен меѓу генерациите во период од 5-10 години но најмногу да падне врз стопанствениците.

„Приоднесите ги плаќаат работниците преку бруто платата.Намалувањето на придонесите не ја зголеми платата туку профитот“ рече даночниот советник Павле Гацов.

Реформата треба да е комбинирана, со споделување на товарот  а примената да е скалеста и постепена рече Благица Петрески од организацијата „Finance Think“

За исплата на пензии оваа година ќе се потрошат 880 милиони евра од кои Фондот покрива едвај половината а останатите се префрлаат од централниот буџет. Дупката во ПИОМ почна да се зголемува со воведување на вториот пензиски столб и со намалување на придонесите а потоа се продлабочуваше со несоодветното зголемување на пензиите. Ако пензиите растеа според законот,анализите говорат дека  дефицитот на ПИОМ ќе беше понизок за 35 %.

 

Виолета З Стојановска