Основани два нови Локални економско-социјални совети во Струга и Кичево

Основани два нови Локални економско-социјални совети во Струга и Кичево

Основани два нови Локални економско-социјални совети во Струга и Кичево
декември 28, 2021

Со потпишување на спогодбата за основање ЛЕСС Струга и ЛЕСС Кичево се официјализира отпочнувањето со работа на локалнииот Економско-социјален совет (ЛЕСС) кој ќе помогне да се унатреди развојот на социјалениот дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласувањето на нивните различни ставови и интереси на локално ниво.
Потписници на посебните Спогодби се градоначалниците на Општина Кичево г. Фатмир Дехари, и Општина Струга, г. Зијадин Села, како и ,претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, г. Ангел Димитров, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски, и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, г. Благоја Ралповски.

Во локалнииот Економско-социјален совет (ЛЕСС) членуваат претставници на општинската администрација, работодавачите и синдикатите и ќе има консултативно-советодавна функција, којшто се основа со цел воспоставување, поттикнување и развој на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво. ЛЕСС ќе разгледува прашања и ќе дава мислења, предлози и препораки до градоначалникот и Советот на Општината за одредени прашања од економско-социјалната сфера, како што се локална економска политика на општината, политики за вработување, политики за цени и плати, безбедност и здравје при работа, образование и сл.

Во советите ќе партиципираат и претставници од Центарот за вработување на општините, средните училишта, како и од невладините организации и здруженија на граѓани.

Основањето на локалниот Економско-социјален совет во Струга и Кичево е во рамките на проектот Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија (ЕУ), а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).