Крајната цел на проектот е подобрување на трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како начин за постигнување економски развој и социјален напредок.
Проектот има сеопфатен пристап и има за цел да обезбеди техничка поддршка на институциите и учесниците во процесот на социјален дијалог преку три меѓусебно поврзани компоненти:
1. Зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво;
2. Поттикнување на колективното договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор;
3. Вспооставување механизам за мирно решавање на работни спорови.
Во рамки на првата компонента, проектот поддржува основање на шест локални економско-социјални совети (ЛЕСС), преку иницирање и поддршка на преговори помеѓу општините, синдикатите и работодавачите, потпишување спогодба за основање на ЛЕСС и опремување на секретаријатите на ЛЕСС со мебел и компјутерска опрема.