На заедничката, трета годишна средба на Националниот и локалните економско социјални совети, теми на разгледување беа најновите анализи за четири значајни
области, како што се ефектите од минималната плата, ефектите од персоналниот данок на доход
и придонесите од плата, проценка на македонскиот пензиски систем и можност за
воспоставување фонд за унапредување на социјалниот дијалог.
Четирите анализи, беа подготвени на барање на социјалните партнери, Организацијата на работодавачи на Македонија(ОРМ) и синдикатите, ССМ и КСС, во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува
Меѓународната организација на трудот.
Клучната цел на ваквите заеднички состаноци,
е воспоставување и јакнење на мрежата за соработка и
комуникација меѓу националниот и локалните Економско социјални совети, преку разгледување
различни прашања од опсегот на работа на економско социјалните совети. Во разгледувањето на политиките учествуваа
Министерство за труд и социјална политика, претседателите и членови на ОРМ,ССМ, КСС,
како и членови на локалните економско социјални совети. Активностите што се спроведуваат во
рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“ се наменети за зајакнување на
капацитетите на Министерството за труд и социјална политика, како и на социјалните
партнери. Со тоа меѓу останатото, овие тела за институционализирање на трипартитниот
социјален дијалог, во која група спаѓаат и националниот и локалните економско социјални
совети, преку воспоставување соработка со стручната јавност, добиваат корисни сознанија и
анализи како основа за дискусија и усогласување на домашното со меѓународното законодавство
и стандардите од областа на трудовото право и регулатива.
декември 28, 2021