
Претставници на репрезентативната организација на работодавачи, синдикатите како и претставници од владата на Македонија учествуваа како трипартитна делегација на 105-тата седница на Генералното Собрание на МОТ, која се одржа на 7 и 8 јуни 2016 година, во Женева.
Од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), присуствуваше г. Ангел Димитров, а во делегацијата беше и Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија,г. Диме Спасов ,претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ),г. Живко Митревски, како и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС),г. Благоја Ралповски.
На Генералното Собрание на МОТ, свое излагање имаше Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија, Диме Спасов, а претставниците од организацијата на работодавачи и на синдикатите учествуваа во работата на повеќе комисии. На 105-та седница на Генералното Собрание на МОТ, делегацијата од Македонија гласаше за прифаќање на повеќе конвенции,а еден од позначајните документи кој беше разгледуван на сесијата беше и: „Влијанието на Декларацијата на МОТ за Социјалната Правда врз Фер Глобализацијата..