Организацијата на работодавачи на Македонија потпиша меморандум за соработка со Економскиот факултет-Скопје при УКИМ

март 30, 2023

Организацијата на работодавачи на Македонија потпиша меморандум за соработка со Економскиот факултет-Скопје при УКИМ

Вчера, Претседателката на ОРМ Владанка Трајкоска и Деканот на Економскиот факултет-Скопје, проф. д-р Предраг Трпески одржаа состанок на кој се склучи Меморандум за соработка помеѓу двете страни за работи од заеднички интерес:
– Презентирање на практични проблеми, решенија, предизвици и можности за студентите на Факултетот
– Реализирање на практична настава за студентите на Факултетот
– Организирање работилници и конференции од взаемен интерес
– Учество на лица од организацијата како експерти од практиката
– Можност за взаемна промоција
– Взаемно учество на проекти
На состанокот се разговараше и за начинот на реализирање на соработката, како и за координација и реализација на прашања поврзани со остварување на целите на двете страни.