ОГЛАС ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД КОНДИТОРСКАТА И КОНЗЕРВНА ИНДУСТРИЈА ЗА ИЗВОЗ

ОГЛАС ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД КОНДИТОРСКАТА И КОНЗЕРВНА ИНДУСТРИЈА ЗА ИЗВОЗ

ОГЛАС ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД КОНДИТОРСКАТА  И КОНЗЕРВНА ИНДУСТРИЈА ЗА ИЗВОЗ
декември 28, 2021

 

Почитувани,

 

Проектот „Извозен акцелератор за МСП“, финансиран од Европската унија, објавува оглас за избор на компании кои ќе бидат поддржани со менторство за извоз. 

Во рамките на проектот ќе бидат поддржани четири компании преку менторство за подготовка за извоз. Ќе бидат селектирани четири МСП, и тоа две од кондиторската индустрија и две од конзервната индустрија. 

Изборот ќе биде направен по принципот на најмногу освоени поени според објавените критериуми, и тоа:

• да бидат исклучиво од кондиторската или конзервната индустрија, 

• да бидат средни по број на вработени (помеѓу 11 и 250 вработени), 

• да се заинтересирани за извоз во Бугарија или Шведска, 

• да бидат посветени на поддршката која ќе им биде ставена на располагање од страна на Проектот.

Елиминаторни услови се дејноста и бројот на вработени во компанијата, доколку тие не се задоволуваат тогаш компанијата се исклучува од изборот.

Изборот ќе биде направен одвоено за кондиторската и конзервната индустрија. Во случај на недоволен број на пријавени компании од едната дејност, Проектот го задржува правото на измена на изборот на компании согласно листата на пријавени компании кои ги задоволуваат критериумите за избор.

Компаниите својата заинтересираност треба да ја изразат преку пополнување на Пријавата за Менторство објавена заедно со овој оглас. Ве молиме пополнетата Пријава да ја испратите по електронски пат на следнава мејл адреса: info@orm.org.mк; најдоцна до Понеделник, 25-ти Февруари 2019 година.

 

 

Тимот на проектот