На барање на УО на ОРМ на 18 ти декември, се реализира средбата со Претседателот на ОРМ, Ангел Димитров,Министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска и Претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
На средбата се разгледаа прашањата за продолжување на преговорите за потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор, за потребата од отпочнување на процесот на преговори за склучување на Општ колективен договор за јавен сектор, за предлозите на ОРМ и ССМ за новиот Закон за работните односи, за последните измени и дополнување на Законот пензиско и инвалидско осигурување со кој беше зголемена стапката на придонесот и за влијанието на истата на платите на работниците како и за други прашања за унапредување на социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери.
