На 24 септември во просториите на Клубот на новинари ОРМ го реализира семинарот за Заштита од вознемирување на работнотo место.
На семинарот присуствуваа вработени лица во правните сектори и секторите за организација и човечки ресурси кои имаат обврска редовно, навремено и целосно да ги следат и примнуваат позитивните прописи од оваа област, а посебно Законот за заштита од вознемирување на работното место, Законот за работните односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
Учесниците изворно од пракса, со правната проблематика за заштитаа од вознемирувањето на работното место, согласно законските прописи како и судската практика, кај нас и во земјите членки на еврoпската унија, за сличностите и разликите со дискриминацијата , видови на правни образци и практични примери за мобинг подетално ги запозна Предавачот Бети Саздовска Содиќ, Аналитичар за човечки ресурси во НЛБ Тутунска банка АД Скопје, воедено и Член на Организација на работодавачи на Македонија во делот за правни работи како и член во работните тимови за изготвување на Општиот колективен договор за приватниот сектор и Гранскиот колективен договор за финансиските организации.
Во изминатиот период се одржаа и семинарите,
• Во врска со последните измени во Општиот колективен договор од областа на стопанството- Организација на работодавачи на Македонија организира семинар на 7 мај на тема:
Колективното договараање стожер на социјалниот дијалог
Предавачите се членови во тимот за преговори на Општиот колективен договор:
– Ангел Димитров, Претседател на Организација на работодавачи на Македонија и член на Економско социјалниот совет на Република Македонија и
– Анче Владичевска, Член на Управен одбор на Организацијата на работодавачи на Македонија, член во тимот за преговори на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството АГЕНДА
• Во врска со Законот за работни односи на тема –Откажување на договорот за работа од страна на работодавачот од причини на вина, од лични и од деловни причини-семинар одржан на 21 март
Предавачот е член во тимот за преговори на Општиот колективен договор:
– Николина Миланова потпретседател на Организација на работодавачи во делот за правни работи на ОРМ и член на Економско социјалниот совет на Република Македонија