Одбележан -Светскиот ден за безбедност и здравје при работа „28 април”

Одбележан -Светскиот ден за безбедност и здравје при работа „28 април”

Одбележан -Светскиот ден за безбедност и здравје при работа „28 април”
декември 28, 2021

„Наградата ни претставува поттик за да останеме во таа насока, во која што се движиме досега. Наградата ни е еден вид на признание дека добро работиме во однос на безбедноста и здравјето при работа, но и поттик за да се подобруваме секоја година”, изјави г-ѓа Тања Мижоска, координатор за безбедност и здравје при работа од Империал Тобако ТКС. Интересно е што на самиот настан, таа објави дека повеќе од 3 години, односно 3 години, 10 месеци и 8 денови се нема случено несреќа при работа во оваа компанија. Можеби тоа е и една од причините што оваа компанија веќе две години по ред ја добива Националната награда за добра пракса на безбедност и здравје при работа, во категоријата средни компании.

Поради тоа што ниедна компанија во категоријата мали компании не го освои минималниот број на бодови, оваа година беа доделени две награди во категоријата големи компании.
‚‚Оваа награда е од исклучителна важност за нашата компанија. Таа е признание за заедничкото залагање на менаџментот и вработените за обезбедување највисоки безбедносни стандарди при работа. Покрај останатото со цел да обезбедиме највиски безбедносни стандарди за нашите вработени, постојано инвестираме во нова опрема која обезбедува подобри услови во однос на  контрола врз бучавата, прашината, вибрациите и физичкиот напор. Компанијата несебично вложува и во континуирана обука на вработените со цел општ развој и подигање на свеста за безбедноста”, изјави г-ѓа Јасна Ажиевска Петрушева – Aдминистративен извршен директор на Мермерен Комбинат Прилеп.

Национална награда за добра пракса на безбедност и здравје при работа доби и компанијата „Пивара Скопје”. Интересно е што оваа компанија утре во своите простории ќе го одбележи Светскиот ден за безбедност и здравје при работа со серија на интересни настани. „Оваа награда е верификација на нашите континуирани напори и вложувања во обезбедување и гаранција на највисок степен на безбедност и здравје на сите што работат во Пивара Скопје, на нашите соработници, на потрошувачите на нашите брендови, како и на сите оние од нашето опкружување“, изјави г-ѓа Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска од Пивара Скопје. Во својата презентација таа изнесе дека пред се оваа компанија многу вложува во едукацијата на своите вработени за безбедност и здравје при работа, а сите тие различни начини на обучување влијаат за подигнување на свеста за БЗР во оваа компанија.
Преземено од страната на МЗЗПР