Почитувани,
Македонското здружение за заштита при работа во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија и Сојузот на Синдикатите на Македонија е во тек на реализација на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – ЕuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK.
Следна активност во рамки на проектот, од 17 до 19 септември 2018 година во хотел Аквалина во Охрид, ќе биде обука за организациски развој и управување на синдикалните организации.
Учесници на оваа обука ќе бидат претставници од регистрирани синдикални организации, чиешто делување е во насока на подобрување на работните услови и унапредување на правата на работниците.
Дел од темите кои ќе бидат обработувани се:
– Синдикално организирање; улога на синдикалните претставници во унапредување и зајакнување на синдикалното делување;
– Регрутирање ново членство преку креирање добра стратегија за односи со јавност, начини на комуникација со членство;
– Имплементација на стратегија за односи со јавност
– Вовед во застапување и лобирање итн.
Учесниците на обуките ќе се стекнат со и експертиза за процесите при креирањето политики и процедурите за успешен организациски развој и управување на синдикалните организации. Понатака, од нив се очекува да влијаат при зајакнувањето на мрежните и комуникациските канали меѓу синдикалните организации и владините институции.
