Обука на тема “ПРИМЕНА НА СТРАТЕГИИ ЗА РАБОТА СО ДЕЦА ВО ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ”

Обука на тема “ПРИМЕНА НА СТРАТЕГИИ ЗА РАБОТА СО ДЕЦА ВО ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ”

Обука на тема “ПРИМЕНА НА СТРАТЕГИИ ЗА РАБОТА СО ДЕЦА ВО ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ”
декември 28, 2021

Почитувани,

На 2-ри Јули 2019 година, во просториите на “ООУ Кочо Рацин- Скопје” беше спроведена обука на тема “ПРИМЕНА НА СТРАТЕГИИ ЗА РАБОТА СО ДЕЦА ВО ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ”. Обуката беше во организација на ОРМ, а беше спроведена од страна на стручни лица од Здружението КОНТИНИУМ. Обуката претставува дел од потребната и пропишана доедукација на наставниците во основните и средните училишта. Обуката беше организирана согласно меморандумот за соработка потпишан од страна на ОРМ и Континиум за спроведување на заеднички активности во полето на образованието.

На обуката учествуваа 48 наставници и дел од раководството на училиштетото. Сите учесници имаа можност да развијат компетенции во подрачјето на компетенции “Социјална и образовна инклузија”.

Во наредниот период, продолжуваме со имплементација на слични активности, согласно потпишаниот меморандум за соработка помеѓу двете организации/здруженија.

 

Тимот на ОРМ