Обука на тема „Дигитализација на пазарот на трудот”

Обука на тема „Дигитализација на пазарот на трудот”

Обука на тема „Дигитализација на пазарот на трудот”
мај 28, 2024

Во периодот од 15 до 17 мај се одржа тридневна обука на тема „Дигитализација на пазарот на трудот” во хотелот Панорамика во Скопје.
Обуката, финансиски поддржана од Европската унија, беше организирана од полскиот синдикат „Солидарност”, а на неа свое учество имаа синдикални претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати, претставници од полскиот синдикат, претставници од Организацијата на работодавачи на Македонија и претставници од македонски компании членки на ОРМ.
На обуката се дискутираше за дигитализацијата на работните процеси, работатата на далечина и балансот помеѓу работниот и приватниот живот.