Почитувани,
Ви ја споделуваме информацијата дека претседателот на Меѓународната Организација на Работодавачи (МОР), Ерол Кирешепи, на 6 јуни 2018 година, ги презентираше новите флаери за трите мрежи на МОР на групата на работодавачи на Меѓународната трудова конференција.
Трите мрежи на компании се:
-Глобалната мрежа за меѓународни односи (GIRN): Членови на GIRN се експерти за меѓународните односи и професионалци за човечки ресурси од мултинационални компании. GIRN се состанува два пати годишно за да размени искуства и да научи од најдобрите практики за глобалните индустриски односи и човековите права. Следниот состанок на мрежата е на 11 и 12 септември 2018 година во Атланта, САД.
-Глобалната мрежа за безбедност и здравје при работа (GOSH): Членови на ГОШ се експерти кои се занимаваат со безбедност и здравје при работа и професионалци за управување со ризик. Тие се среќаваат два пати годишно за да дискутираат за критичните проблеми со БЗР со меѓународните колеги. Следниот состанок е на 27 и 28 септември 2018 година во Лисабон, Португалија.
-Мрежа на партнерски компании: Партнерските компании добиваат пристап до индивидуализирана поддршка од МОР, услуги и активности за споделување на знаење за стандарди за работна сила, корпоративна општествена одговорност, деловни и човекови права, индустриски односи, миграција, одржливост, стандардизација, развој на вештини и многу повеќе. Партнерските компании исто така се поканети да се приклучат на работните групи за политики на МОР. Секоја Партнерска компанија добива свој индивидуализиран ангажман со МОР.
За повеќе информации и пристап до флаери, ве молиме следете го линкот: https://www.ioe-emp.org/index.php?id=5194
