ноември 16, 2023
Нов раст на минималната плата во услови на ниска продуктивност во работењето на компаните, носи инфлаторни ризици, вели во интервју за „Блумберг Адрија“, претседателката на Организација на работодавачи, Владанка Трајкоска.
Таа потенцира дека клучно е да се работи на зголемување на конкурентоста на компаниите, намалување на сивата економија и барање решение за дефицитот на кадар.
Трајкоска ги посочува и инфлаторните ризиции од растот на платите во јавниот сектор, на што предупреди и ММФ.