
Почитувани,
Ве информираме дека Меѓународната организација на трудот го започнa процесот на консултации за следната Национална Програма за пристојна работа за периодот 2019-2022 година. Националната програма за пристојна работа претставува среднорочна рамка за планирање што ги дава насоките за работата на МОТ во Република македонија, во согласност со приоритетите и целите што се договорени со нејзините трипартитни конституенти. Истата се потпишува од Владата, синдикатите, организациите на работодавачи и МОТ.
Процесот започна со работилница 11 и 12 Јуни 2018 година, за потсетување на принципите за мониторинг и евалуација, како и утврдување на приоритетите на следната Програма за пристојна работа. На работилницата учествуваа тројца претставници на ОРМ.