МОТ проект: “Поддршка на стратегии за опоравување од кризата во Југоисточна Европа” во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија и др. социјални партнери

Меѓународната Организација на Трудот  неодамна иницираше проект “Поддршка на стратегии за опоравување од кризата во Југоисточна Европа” која има за цел поттикнување на имплементацијата на МОТ Пактот за Глобална Работа во регионот на ЈИЕ, преку креирање на политички опции во земјите со сериозни ограничувања на јавните финансии и пазари на работна сила кои се  особено чувствителни на надворешни шокови. Проектот има за цел да им овозможи на Хрватска Македонија и Србија да креираат пакети за опоравување кои одговараат на специфични потреби на земјата.

Делегацијата од МОТ  на 26 јануари 2011 година во Скопје ја организираше  трипартитнатата средба на која претставниците од ОРМ учествуваа , ги споделија своите мислења , искуства и беа  информирани за проектот и целите на истиот.

Опис на проектот

“Поддршка на стратегии за опоравување од кризата во Југоисточна Европа (ЈИЕ)”

Глобален Пакт за работни места, беше усвоен од страна на Меѓународната организација за труд во јуни 2009 година, за воспоставување на меѓународно договорениот пристап за водење на национални и меѓународни политики насочени кон стимулирање на економско заздравување, генерирање нови работни места и обезбедување на заштита на работните луѓе и нивните семејства.

Проектот има цел да се создаде регионална база на знаења за изводливи и ефективни

антикризни пакети и политики, опции за обновување за ЈИЕ пазари на работна сила, која може да се користи од страна на МОТ, во адаптацијата  на  социо-економските политики на патот кон економското опоравување.

Првата фаза од овој проект ги вклучува проценка на потребите на целните земји во сооднос на антикризни мерки кои се преземаат во двете нови членки на ЕУ на Република Чешка и Словенија. Оваа фаза вклучува консултации со релевантни владини министерства и со  социјалните партнери за да се проценат политичките  опции за опоравување, да се договорат за еден процес, кој може да биде прилагоден на земјата.

Втората фаза на проектот претставува процес на разгледување и  споделување на  нови можности , базирани на докази  за политички опции и стратегии за закрепнување. МОТ во целните земји ќе бидат  директни учесници на проектот, а двете избрани нови членки на ЕУ ќе бидат партнери на оваа иницијатива. Поддршката од страна на МОТ е со цел  да обезбеди  флексибилни услови  а не да ги  замени или одложи националните напори да се одговори на кризата.