Конференција за социјалниот дијалог во земјоделството во Југоисточна Европа

Конференција за социјалниот дијалог во земјоделството во Југоисточна Европа

Конференција за социјалниот дијалог во земјоделството во Југоисточна Европа
декември 28, 2021


Меѓународната конференција “Поддршка на социјалниот дијалог на новите членки во Европската Унија и земјите кандидатки“, се одржа на 11 и 12 мај во Скопје, за агрокултурниот сектор во организација на  Групацијата на работодавачи на земјоделските организации на ЕУ – GEОРА и Европската федерација на синдикатите за храна, агрокултура и туризам – EFFAT

Од земјава на конференцијата учествуваа и социјалните партнери ОРМ и Агро синдикатот,како домаќин претставувана од претседателот Живко Даневски.

Потпретседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров, истакна дека земјоделството ја спасува социјалната состојба. Аграрот учествува со 12 отсто во бруто домашниот производ, со 16 отсто кај прехранбената индустрија, додека ангажира 17 отсто од вработените.Од земјите  учеснички на настанот единствено Македонија има колективен договор на ниво на гранка, додека колективното договарање и КД на ниво на работодавач се многу по развиени во Хрватска, Бугарија,Романија и Турција.

Арндт Шпан, политички секретар на EFFAT, порача дека целта на проектот е социјалниот дијалог, намалување на разликите, намалување на сиромаштијата и безбедноста и здравјето при работа. Соработката меѓу работодавачите, синдикатите и владите во земјите од регионот не е на задоволувачко ниво. Состојбата во аграрниот сектор е слична во полноправните членки и во земјите кандидати во Унијата.