Конференција на проектот E-MINDFUL на тема :Недостаток на работна сила во Западен Балкан

Конференција на проектот E-MINDFUL на тема :Недостаток на работна сила во Западен Балкан

Конференција на проектот E-MINDFUL на тема :Недостаток на работна сила во Западен Балкан
декември 14, 2023

На Панел дискусија – Контрастни ставови за недостигот на работна сила во Западен Балкан – потребите на работодавачите, свое излагање имаше Претседателката Владанка Трајкоска . Прашањата на кои се осврна беа поврзани со активностите кои ги превзема ОРМ како иницијативи покренати од членките за недостигот на работна сила . Трајкоска истакна -” Скоро да нема сектор во индустријата кој не се соочува со проблемот на недостиг на работници, но највисока стапка на слободни работни места има во Градежништвото, Преработувачката индустрија и Услужните дејности. Во некои сектори во последно време работодавачите се среќни да најдат било каков кадар и спремни се да финансираат во неговата преквалификација и обука, за да ги добијат потребните вештини. За жал и на активните огласи за преквалификации што ги објавува Агенцијата за вработување, нема пријавено доволен број на кандидати. ОРМ постојано прави напори да ја убеди Владата дека е потребно да се либерализира и олесни вработувањето на странци, затоа што не гледа друга можност за решавање на проблемот со недостиг на работници. ОРМ покрај седниците на ЕСС, се обидува на било која средба да укаже на проблемот со недостиг на работници, но освен признанието од страна на Владата дека е потребно да се направат реформи во оваа област, досега не се направени позначителни чекори .Позитивни искуства се во областа на отварање на дуални паралелки каде учениците уште во текот на школувањето се запознаваат со работодавачот. Многу од дефицитарните занимања се дел од неформална економија. Исто така посочи дека решението како да го надминеме недостигот на работна сила ,треба да го бараме во активирање на лицата кои се догорочно невработени на евиденција во АВРМ на пазарот на труд, бројка која е значително голема, олеснување на процедурите и зголемување на квотите за вработување на работници од станство , но и превземање на рабона сила од јавната адмистрација”.

На настанот беше најавенено дека наскоро ќе се промовира Извештајот на ОРМ од последната анализа за потребата од вработување на работници од странство .