Јавен повик за изразување интерес за обука на обучувачи за помирувачи и арбитри

Јавен повик за изразување интерес за обука на обучувачи за помирувачи и арбитри

декември 28, 2021

Проектот се состои од три меѓусебно поврзани компоненти што треба да одговорат на предизвиците со кои што, во моментов, се соочуваат националните трипартитни актери, на кохерентен и комплементарен начин:
Компонента 1: Зајакнување на трипартитниот социјален дијалог на национално и локално ниво
Оваа компонента се фокусира на активности за градење на капацитетите што треба да се спроведат од страна на технички специјалисти на МОТ во содејство со практичари од земјите-членки на ЕУ (ЗЧ) за теми како што се, на пример, утврдување на платите во јавниот сектор, утврдување на минималната плата и нејзината врска со неформалната економија, работни односи, реформи на социјалното осигурување, активни политики на пазарот на трудот, вработување на младите, придобивките од колективното договарање, вклучувајќи ја причинско-последичната врска меѓу платите и продуктивноста, меѓу другото и за членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС) и неговиот постојан секретаријат.Проектот, исто така, ќе го овозможи создавањето на надворешен „фонд“ на техничка експертиза што ЕСС ќе може да го користи за да го прошири опфатот на своите истражувања.

Компонента 2: Поттикнување на колективното договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор
Оваа компонента на проектот ќе ги зајакне капацитетите на владата и на социјалните партнери за зголемување на ефективноста на колективното договарање.Ќе бидат осмислени и спроведени мерки со помош на МОТ во рамките на национален трипартитен акциски план.
Ќе биде зајакнат техничкиот капацитет на Министерството за труд и социјална политика за проактивно вршење на неговите основни функции за унапредување на колективното договарање, вклучувајќи го воспоставувањето стимулативна регулаторна и институционална рамка.Истовремено ќе се зајакнат и капацитетите на организациите на работодавачите и на синдикатите за ефективно водење преговори и обраќање кон потенцијалните членови. Последново ќе се постигне преку спроведување програма за обука за ефективно вклучување во колективното договарање што е наменета за организациите на работодавачите и на работниците на национално и секторско ниво.
Компонента 3: Воспоставување функционален механизам за мирно решавање на работните спорови
Во рамките на оваа компонента проектот ќе го помогне воспоставувањето на функционален и економичен механизам за мирно решавање на работните спорови и ќе обезбеди поддршка за создавањето и обучувањето на фонд од специјализирани посредници/помирувачи во областа на трудот.По неговото спроведување се очекува дека новиот механизам ќе им обезбеди поддршка на социјалните партнери во спречувањето и решавањето на споровите што се јавуваат во процесот за колективно договарање.

Јавен повик за изразување интерес во рамки на Активноста 3.1.2 Почетна обука на обучувачи за помирувачи и арбитри:

Овој јавен повик за изразување интерес е наменет за изнаоѓање кандидати кои ќе бидат заинтересирани за добивање обука за решавање на работните спорови преку помирување и арбитража, користејќи ги алатките на МОТ и искусни меѓународни помирувачи, во низа сесии за обука.

Обуката ќе се спроведува од страна на меѓународни експерти и ќе се координира од канцеларијата на проектот во Скопје и од страна на г-ѓа Кристина Михес, виш експерт за социјален дијалог и трудово право од канцеларијата на МОТ во Будимпешта.
Заинтересираните кандидати што ги исполнуваат долунаведените критериуми се охрабруваат да ги поднесат своите пријави:

Активност    Информации за задачата    Временска рамка    Проценет број месеци/седмици

3.1.2     
Обука на обучувачи за помирувачи и арбитри    
јуни 2015 г.    
1 седмица

Временска рамка
Обуката ќе се одржи во втората седмица на јуни 2015 г.

Услови за квалификуваност
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве барања:

-Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија;
-Кандидатите треба да имаат најмалку диплома за завршено високо образование и минимум 5 години работно искуство во областа на трудовото право/работните односи;
-Кандидатите треба да поседуваат напредни знаења од сферата на трудот и системот за индустриски односи во земјата;
-Кандидатите не смеат да бидат предмет на какви било законски санкции што би им оневозможиле да ги вршат своите професионални должности.

Оваа обука дава можност за дополнително добивање лиценца за помирувач/арбитер за помирување и арбитража во работни спорови.

Начин на пријавување
Се молат заинтересираните кандидати да ги поднесат своите кратки биографии (CV) и мотивациски писма до 6 мај 2015 година на е-маил адресите simjanoska@ilo.org и kalovska@ilo.org.
Комисијата што е формирана од канцеларијата на проектот го задржува правото да ја прифати или одбие која било пријава.Успешните кандидати ќе бидат контактирани од канцеларијата на проектот и ќе добијат детални информации за обуката.
Канцеларијата на проектот ги покрива сите трошоци поврзани со обуката за учесниците.