Известување од 24та седница на Националниот Економско социјален совет

Известување од 24та седница на Националниот Економско социјален совет

Известување од 24та седница на Националниот Економско социјален совет
декември 28, 2021

На 24та седница на НЕСС на која учествуваа редовните членови од ОРМ,ССМ,КСС и ресорните министерства, се разгледаа и усвоија следните Закони:

•           Предлог на  закон за изменување на Законот за  минимална плата  во Република Македонија

Целта на донесување на овој закон, е да се зголемат казните за работодавачите кои не исплатуваат минимална плата .

•           Предлог закон за измена на одредби од Законот за безбедност и здравје при работа

Од реализација на проектот “Учиме од бизнис заедницата” произлезе потребата од соодветно регулирање на прашањето за безбедност и здравје при работа во рудниците за време на практична работа на ученици и студенти, се превидува нов член со кој се уредува заштита за учениците и студентите за време на практична работа во рудниците. Во овој случај работодавачот е должен да ги запознае учениците и студентите со мерките за безбедност и здравје при работа и да им обезбеди лична заштита опрема и обука за извршување на практичната работа

Согласно, Конвенцијата C 155 за безбедност и здравје при работа, Конвенција за промотивна рамка за безбедност и здравје при работа, основната рамковна директива 391, како и други европски директиви кои ја регулираат оваа област, упатуваат на потребата од создавање на национални политики, системи и програми за безбедност и здравје при работа во чие креирање, унапредување и спроведување учествуваат и социјалните парнери,  репрезентативните организации на синдикатите и работодавачите.

Со законските измени улогата на претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на мнозинскиот синдикат, претставникот на работниците за безбедност и здравје при работа и преставникот за информирање и консултирање нема да биде само формална, туку истите ќе имаат реални и  прецизно дефинирани задачи да делуваат во насока на создавање на здрави и безбедни услови за работа во работните средини по теркот на европските и светските примери.

 

•           Како трета точка на седницата претседателот на ЕСС го претстави новиот Предлог закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност

Со Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност се уредува прашањето во врска со врска со тоа што е нерегистрирана дејност, кои се исклучоците, што се смета за соучесник во вршењето на нерегистрираната дејност, надлежните органи за постапување при спречување и заштита на појавата на нерегистрирана дејност, инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон, управните мерки за заштита, како и прекршочните одредби.

Имајќи во предвид дека не постои законско уредување на ова прашање се наметна потребата од донесување на посебен Закон со кој ќе се спречи вршењето на нерегистрираната дејност.

Од членовите на ЕСС,се побара мислење по предлог законот да се достави најдоцна до првото читање на истиот во Собранието.