Почитувани,
Ве известуваме дека Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Македонија, и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса на безбедност и здравје при работа.
Повикот за учество во Изборот за доделување на Национална награда за 2017 година е објавен и на web-страната на Министерството за труд и социјална политика:
(http://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-povik-za-ucestvo-vo-izborot-za-dodeluvanje-na-nacionalna-nagrada-za-dobra-praksa-na-bzr-2017.nspx); каде може да се најде и Барањето за аплицирање.
Крајниот рок за пријавување на компаниите е 1 април 2018 година.
Наградата и оваа година ќе се додели во три категории:
– мали компании (до 50 вработени)
– средни компании (до 250 вработени) и
– големи компании (над 250 вработени)
Изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од назначени експерти во областа.
Пополнетите апликации треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси: jasmina.chaloska@mf.edu.mk и ddocinski@mtsp.gov.mk;
Свеченото доделување на годишните награди ќе се одржи во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 28 април“.