Иницијален информативен состанок, во рамки на проект финансиран од страна на Европската Унија

Иницијален информативен состанок, во рамки на проект финансиран од страна на Европската Унија

Иницијален информативен состанок, во рамки на проект финансиран од страна на Европската Унија
декември 28, 2021

Во текот на вчерашниот ден, во просториите на МЗЗПР се одржа иницијален информативен состанок, во рамки на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето на одлуки како подршка на државата во процесот на пристапување кон ЕУ” . Учесници на состанокот беа претставници од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ), Сојуз на Синдикати на Македонија (ССМ), Конфедерација на слободни синдикати (КСС) и Заедница на заштитни друштва на Македонија (ЗАПОВИМ).

Состанокот беше искористен да се запознаат организациите со целите на акцијата како и да се информираат за можностите и начинот за нивната вклученост во спроведувањето на предвидените активностите.

Генерален заклучок од настанот е дека клучните актери заеднички ќе делуваат и активно ќе учествуваат во спроведувањето на реформите за безбедност и здравје при работа и постигнување на безбедни и продуктивни работни места.

Проектот се спроведува од Македоснко здружение за заштита при работа во партнерска соработка со Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија.

Превземено од: https://www.facebook.com/Occupational-Safety-and-Health-policies-610230679308448/?modal=admin_todo_tour