
декември 28, 2021
Почитувани,
Ве информираме дека на 5 март 2019 година, во хотел Арка во Скопје се одржа првата информативна и консултативна работилница наменета за локалните Економско-социјални совети. Работилницата беше спроведена во рамките на проектот “Зајакнување на социјалниот дијалог”, кој МОТ ќе го спроведува во следните три години.
Организацијата на работодавачи на Македонија, како социјален партнер на државата, но и учесник во социјалниот дијалог на локално ниво преку учество во Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС-ови), имаше делегирано свои претставници на работилницата.
Тимот на ОРМ