ОРМ како партнер ги започна активностите на kick-off средбата одржана во Љубљана на 24 јануари за проектот:
Зајакнување насоцијалниот дијалог во секторите трговијата на мало, прехранбената индустрија и земјоделскиот сектор во Македонија и Црна Гора.
Времетраење на проектот од 15 декември 2011 до 14 декември 2012 (12 месеци).
Носител на проектот е ZDS асоцијација на работодавачи на Словенија, а останатите партенери се: BDU Bildungswerk der Unternehmerverbände (германски работодавачи), Секторски синдикат(и) Македонија (АГРОСИНДИКАТ и ТРГОВИЈА), UPCG црногорските работодавачи, Секторски синдикат(и) Црна Гора и Словенечките синдикати.
Цели:
- Промоција на имплементација на acquis communautaire во областа на социјалниот дијалог во Република Македонија и Црна Гора
- Зголемување на свесноста и разбирањето кај работодавачите и претставниците на работниците за европскиот социјален дијалог
- Адаптација на социјалниот дијалог на промените и предизвиците во вработувањето и работата, како што се модернизација на пазарот на трудот, флексибилно
- Зајакнување на капацитетите на социјалните партнери во Словенија, Македонија и Црна Гора да придонесат кон европскиот социјален дијалог
Целите на проектот планираме да ги реализираме преку панел дискусии и тркалезни маси заедно со претставниците од експертите за социјален дијалог од Германија и Словенија, преку студиска посета за размена на искуства во Словенија до продуцирање на публикација за европскиот социјален дијалог и примената на истиот во Македонија и Црна Гора.
Овој документ е финасиран од ЕУ, неговата содржина е одговорност единствено на OРМ и неможе под никакви околности да се смета за одраз на ставот на Европската унија.