Регионална конференција на високо ниво за потребни вештини за иднината –Проверка на проектот “FRAME“-5 и 6 октомври-Тирана

На регионалната конференција „Вештини за иднината – Југоисточна Европа и Турција“, во организација на Европската Фондација за обука, во Тирана, Република Албанија, учествуваа: Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, советници од МОН, Заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими и Белинда Николовска,од ОРМ, претставник од социјалните партнери.
На конференцијата министрите за образование од Југоисточна Европа и Турција заедно со експертите за политики од институциите на ЕУ како и европските и регионалните социјални партнери, разменија мислења и споделија искуства за нивните долгорочни визии за вештините и за напорите за прилагодување на политиките за вештини и системите за човечки ресурси. кои ќе ја поттикнат  конкурентноста, вработувањето и социјалната вклученост, во регионот и пошироко.

Од македонската делегација се обрати Министерот  Абдилаќим Адеми, кој потенцираше дека,  FRAME проектот, во изминативе две години,  придонесе за развој, имплементација и мониторинг на политики за унапредување  на човечките ресурси. За воспоставување на добро опремени системи со ресурси за предвидување на потребите од вештини, кои треба да се базираат на добро координирани институционални мрежи, што ќе овозможи обезбедување квалитетни податоци за планирање, имплементација и мониторинг на политиките за развој на човечките ресурси.