По иницијатива на ЕВН Македонија, а со поддршка на Топлификација и ОКТА вчера ( 03.11.2011 ) се формираше Здружение за енергетика од приватниот сектор кое е репрезентативно и покрива над 70 % од вработените во оваа дејност. Истото се формираше заради организиран настап и придонес во развојот на сите деловни субјекти од гранката во однос на прашања од заеднички интерес во делогругот на економско социјалната свера, работните односи и заштита при работа, придонеси за задолжително социјално осигурување, колективно преговарање и договарање, арбитража и медијација, законски промени кои ја засегаат оваа гранка.

За Претседател на Здружението беше избран г-динот Вернер Хенгст Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Првоизбраниот Претседател на Здружението се заблагодари на неговиот избор и укажаната доверба. Истакна дека социјалниот дијалог на сите нивоа е многу важно прашање и дека од земјата од која доаѓа на социјаниот дијалог се посветува големо внимание.
За Генерални секретари беа избрани г-дин Дарко Пертовски од ЕВН и г-ѓа Роса Талевска од Производсво Топлификација ДООЕЛ.
