Економскиот и социјалниот развој во општина Битола преку Локалниот Економско-социјален совет

Економскиот и социјалниот развој во општина Битола преку Локалниот Економско-социјален совет

Февруари 29, 2024

Под водство на д-р Гордана Балтовска, како претседавач, претставник на Организацијата на работодавачи, вработена во АД Стопанска банка Битола, на Локалниот економско – социјален совет на општина Битола се спроведоа значајни активности од повеќе сфери како:

  • Се изготвија прирачници како насока за определување на Цели и визија на општината
  • Се изготви Swot анализа за потребите на акцискиот план
  • Се воспостави соработка со Завод за статистика, Централен регистар, Управа за јавни приходи, Центар за развој на Пелагониски плански регион
  • Се спроведе анкета за испитување на јавното мислење за потребата од подобрување и локалниот развој на општината
  • Се спроведе анкета со бизнис секторот
  • Се изработи Акциски план на ЛЕСС за 2023-2025

и други активности за кои можете повеќе да се информирате од Извештајот за работењето на локалниот Економско – социјален совет на општина Битола кој е прикачен во прилог, како и Акцискиот план на ЛЕСС за 2023-2025.

Извештај на ЛЕСС Битола 2023

Акциски план на ЛЕСС 2023-2025