ВТОРА МEЃУНРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА на тема “Национални стратегии за БЗР”

 

Организацијата на работодавачи на Македонија како ко-организатор и Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) на 25, 26, 27, 28.04.2013 во Хотел Радика, Маврово ќе биде домаќин на Втората Меѓународна Конференција, на тема “Национални стратегии за БЗР“,

http://conference-mavrovo.mzzpr.org.mk/.

Покрај Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), останати ко-организатори на конференцијата се Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)  и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Конференцијата се организира во соработка со Државниот инспекторат за труд, при Министерството за труд и социјална политика.

Еден од најефективните и ефикасни начини е заедничко вложување во безбедна работна околина што ќе придонесе во унапредување на благосостојбата и зголемување на продуктивноста преку eлеминирање на повредите и болестите.

Учеството на Конференцијата е добра можност за одлучувачите, професионалците од областа на БЗР, работодавачите и претставници на работниците, и други заинтересирани страни кои се активни во полето на безбедноста и здравјето при работа, со цел да се обезбеди блиска соработка во процесот на размена на информации со експерти од Европа и од регионот.