Допис до ОРМ

Почитувани,

Во насока на унапредување на деловното окружување,  преку континуиран дијалог со бизнис заедницата, Владата на Република Македонија во изминатиот период спроведе низа проекти, меѓу кои и проектот “Посета на 150 компании”. Целта на овој проект е непосредно да се идентификуваат проблемите со кои се соочуваат компаниите при работењето, така што Владата на Република Македонија ќе се насочи кон преземање на соодветни мерки за нивно надминување.

Од причина што проектот беше оценет како успешен од страна на посетените компании, Владата на Република Македонија ќе продолжи истиот да го спроведува континуирано, пришто секоја година ќе се посетуваат најмалку сто нови компании низ целата територија на Република Македонија, од различни дејности и компании со различна големина.

За таа цел, Ве молиме најдоцна до 21.10.2011 година (петок) до 14 часот, до Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, м-р Владимир Пешевски, да доставите пополнет образец. Имено, за секоја заинтересирана компанија, потребно е да се пополни и достави краток образец, кој Ви го доставуваме во прилог на овој допис. Воедно, Ви доставуваме и листа на веќе посетени компании, со цел да не дојде до нивно повторување.

Пополнетиот образец испратете го на следниве е-маил адреси:

dane.josifovski@gs.gov.mk

marija.pantic@gs.gov.mk

Ви благодараме на соработката.

 

Образец – Профил на компанијата

Листа на посетени компании