ЦЕНТРАЛНО И ИСТОЧНО ЕВРОПСКА РЕГИОНАЛНА ОБУКА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНИ ПОЛИТИКИ ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА

ЦЕНТРАЛНО И ИСТОЧНО ЕВРОПСКА РЕГИОНАЛНА ОБУКА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНИ ПОЛИТИКИ ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА

ЦЕНТРАЛНО И ИСТОЧНО ЕВРОПСКА РЕГИОНАЛНА ОБУКА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНИ ПОЛИТИКИ ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА
декември 28, 2021

Почитувани,

 

Претставник на ОРМ моментално присуствува на Регионалниот курс за обука на претставници од Централна и Источна Европа, организиран од страна на МОТ. Обуката се одржува во Будимпешта, во периодот од 25 до 28 септември 2018 година.

Обуката има за главна цел да го зголеми капацитетот на учесниците да придонесат кон развојот на трудот и социјалната политика на национално, регионално и меѓународно ниво. Содржината на курсот ќе ги рефлектира моменталните загрижености на МОТ и нејзините составни делови, а специфично цели кон:

– да се зголеми свеста за главните цели и програми на МОТ;

– да обезбеди најнови докази засновани на истражувања за тоа од што навистина дава резултати, произлезено од публикации на МОТ;

– поттикнување на интегриран пристап кон социјалните и економските политики; и

– поттикнување на меѓунационална размена на мислења и искуства меѓу креаторите на политиките и

потенцијални креатори на политики.

 

Како таква, оваа обука ќе им овозможи на учесниците да станат ефективни практичари за пристојна работа и да се залагаат за пристојна агенда на МОТ во својата област на експертиза во нивните земји.